Работна недела во времетраење од 6 дена како во Грција или 4 дневна по примерот на одредени компании во Германија? Единствената најава за евентуална измена на должината на работната недела во нашата држава беше срамежливо спомената за време на изборниот период кога синдикатот побара 35 работни часа наместо досегашните 40 часа засега останува отворено прашање но и дилема во однос на многу аспекти.
Според професорот по трудово право, Лазар Јовевски одговорот е повеќеслоен пред се заради мерливоста на продуктивноста која зависи не само од работните часови, туку и од мотивираноста на работникот, платата, работните услови…
„Пред 2-3 години го отворив прашањето за намалување на работното време од аспект на продуктивност. Сметам дека треба да збориме за оваа тема преку воведување пилот проект во јавната администрација. Ако работната недела сега е 40 часа, во одредени сектори од администрацијата може да се проба да се работи 38 часа ( во петок 2 часа помалку) и да се види дали тоа ќе значи поквалитетна услуга, посреќни вработени и задоволни клиенти. Тоа некаде нема да биде можно но во дел од секторите може да се проба“, изјави Јовевски за Локално мк.
Сложеноста на целиот процес, тој ја аргументира и преку одговорот на основното прашање-Дали е ова најдобриот начин ако треба да се зголеми продуктивноста? Според него, она што на македонската економија вистински и треба е поинаков приод и начин на размислување и на вработените и на работодавачите. Како клучна алка тој ја посочува вештачката интелегенција, која како што вели Јовевски, токму преку примерот на Германија покажува дека човекот не е единствен потенцијал за продуктивност.
„Токму вештачката интелигенција ќе води во насока на намалување на работното време со трансформација на економијата и вклучување на новиот начин на производството. Но во Македонија ако се намали работното време, а сме на дното во Европа во процесот на дигитализација и внесување нови технологии во процесот на работа, нема да ја постигнеме целта и така покажуваме дека не ги разбираме процесите, туку ни е единствено важно помалку да работиме“, вели Јовевски.
Слични се размислувањата и на работодавачите. Според Ангел Димитров- Претседател на Собранието на организацијата на работодавачи, кај нас постојат дејности кај кои скратената работна недела може да донесе позитивни резултати во однос на мотивираноста на работниците и нивната креативност.
Оттука, тој го оправдува барањето за измена на Законот за работните односи кој треба да предвиди можност одредени компании да работат 35 наместо 40 часа во неделата, но тоа би зависело од дејноста. Како аргумент ги посочува досегашните пилот
Од друга страна, поголемите компании,
„Вработените во фабриката на Мате Римац во Хрватска не трчаат по производниот погон, туку се шампиони во иновации и современи технологии. Нивниот автомобил се продава по цена над три милиони евра, па затоа неговата продуктивност и рентабилност не може да се споредува со фабрика за автомобили која произведува евтини автомобили кои се произведуваат на производни ленти и каде се уште мануелниот труд има големо влијание“, вели Димитров за Локално.
Од друга страна, тој посочува дека недостигот на работници нема да се реши со скратување на работната недела затоа што во производните компании ќе дојде до нарушување на нивната конкурентна способност во однос на компаниите во другите држави кои ќе работат повеќе работни часови.
Оттука Димитров заклучува дека и понатаму ќе постојат дејности кои ќе мораат да работат 24/7 и нема да можат да го прекинат производниот процес.
Синдикатот кој веќе го обелодени барањето за намалување на работната недела во нашата држава, останува на ставот дека Македонија како земја аспирант за членство во ЕУ треба да се залага за намалување на работната недела на шест-седум работни часа дневно или четири работни дена во неделата.
Како недозволиво ја коментираат опасноста од враќање назад во историјата и работа во просек по 12 часа, која според нив ќе биде логична последица на измени на Законот за работните односи поради можноста за повеќе од 60 часовна работна недела во текот на изведувањето на стратешки проекти.
„Продуктивноста на работниците е поврзана со условите за работа , примената на современи средства за работа , техники и технологии, здрави и безбедни работни услови, соодветна плата за обезбедување на егзистенцијата на работниците и нивните семејства ,почитување на принципите на пристојна работа , право на одмор за обнова на работна сила и грижа за семејството . Само така работниците можат да бидат посветени на работата и лојални на работодавачите . Во спротивно, сведоци сме на се помасовен одлив на работна сила од земјата “, изјави за Локално, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
Оттука, како прашање од голема важност ја потенцира посветеноста на преговорите за новиот Закон за работните односи кој покрај другото се залага за намалување на вкупното работно време на 35 часовна работна недела.
За таа цел како неопходна вели е потребата од законски измени ,усогласување на работно – правното законодавство со европското и и со светските трудови стандарди.
К.В.С.