Елизавета Кривоногих, за која некои велат дека е ќерка на Владимир Путин, пишува на нејзиниот Телеграм канал за човекот што ѝ го уништил животот. Повторно – некои луѓе веруваат дека таквите пораки се однесуваат на рускиот претседател.
„Одзеде милиони животи и го уништи мојот“, напиша таа.
Иако не го споменува директно Путин, ваквата формулација може да се сфати како директна критика на негова сметка.
Кривоногих го користи и лажното име Луиза Росова. Нејзиниот приватен Телеграм канал се вика Art of Luiza.
Таа живее во Париз каде студира уметност и повремено работи како диџеј.
Во друга порака, пренесена од германски Билд, таа вели:
„Ослободувачки е повторно да можеш да го покажеш своето лице на светот. Ме потсетува на тоа која сум и кој ми го уништи животот“.
Елизавета е родена во 2003 година, а честопати дури и во медиуми се наведува дека е дете на рускиот претседател со неговата поранешна собарка Светлана Кривоногих. Со оглед на фактот дека Светлана се збогатила по раѓањето на ќерка ѝ, многумина сметаат дека Путин го купил нејзиното молчење.