Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?

од Берта Китинска
325 прегледи

Вчера се објавија инфрмации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партијаИстовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко, велат од СДСМ.

Од партијата прашуваат дали  таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага

-Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции, соопштија од СДСМ.