Дали вашиот партнер ве прави депресивни?

од desk2
122 прегледи

Ако често сте несреќни со својот партнер, ако ви е непријатно, под стрес сте и се чувствувате исцрпено, тоа се првите знаци на деструктивен однос.

Посебен проблем настанува после подолг временски период поминат во ваков деструктивен, кога станувате депресивни. Депресивните луѓе мислат дека проблемот е во нив, а тоа води во уште подлабока депресија.

Обидете се да се ослободите од стравот од самотија и емотивна зависност, кој често може да ве задржи во ваква врска. Доколку препознаете неколку показатели дека вашиот партнер ве прави депресивни, психолозите советуваат дека е време да си заминете од таа врска.

Кога велиме некои показатели, мислиме на следниве:

1. Се чувствувате како тој да има моќ над вас и не можете да одбиете ниедно негово барање.

2. Постојано ве критикува и поради тоа ја губите самодовербата.

3. Тврди дека секогаш е во право и за него апсолутна вистина е само тоа што тој го смета за вистина.

4. Ви кажува што да правите и како да се однесувате.

5. Се обидува да ве контролира. Овој проблем може да се создаде без да забележите. Таквите мажи на почетокот контролираат само одредени работи, па потоа уште некои итн. Додека да се „освестите“ за што станува збор, многу често нема назад и единствениот излез е раскинување.

6. Ве уценува – или ќе биде по негово или ќе прекинете.

7. Секогаш наоѓа нови причини за расправија, така што „мирот“ во врската со ваква личност е речиси невозможен.

8. Ве убедува дека тој е најдоброто нешто што ви се случило во животот.

9. Се фаќате себеси како правите работи кои единствено тој ги сака, само да за избегнете расправија.

Слични содржини