Дали Ватикан се соочува со банкрот?

од Nikola Popovski
244 прегледи

Американскиот биограф на папата Јован Павле Втори, Џорџ Вајгел изјавил дека постои можност за банкрот на Ватикан заради лошата администрација и сериозната корупција.

Американецот Џорџ Вајгел, автор на монументалната биографија на Јован Павле Втори, објавил нова книга „The Next Pope – The Office of Peter and a Church in Mission“, пишува порталот „Католички вести“.

Во книгата, Вајгел посветува посебно внимание на сериозната финансиска криза во Ватикан.

Според него, „на Светата столица ѝсе заканува стечај. Тоа е резултат на лошото управување и големата корупција. Борбата против тоа, пред сè, се состои во промената на структурата на вработување на специјалисти надвор од Римокатоличката црква. Не е невообичаено важните задачи да им се даваат на луѓето без никакви компетенции“.

Претходно, медиумите пишуваа дека италијанскиот новинар Џанлуиџи Нучи добил пристап до финансиските документи на Ватикан, каде што откако ги проучил, тој во својата сензационална книга „Последниот суд“ напишал дека Ватикан е на работ на банкрот.