Во последниве месеци, Кејт Мидлтон се чини дека е во сенка поради бременоста на Меган Маркел. Ако зборуваа занеа, ќе беа пак само 2-3 реченици, главно за нејзиниот фустан на некој настан или поводите за расправија меѓу двете. Но, гласините ги сменија работите – британските медиуми ги раширија информациите дека сопругата на принцот Вилијам го очекува своето четврто дете.

Иако го роди малиот Луј пред помалку од една година, Кејт сакала повеќе наследници и, според анонимни извори, била во рана бременост. Се разбира, веста сé уште не е потврдена од кралскиот двор.
Пред неколку месеци, Кејт и Вилијам ја посетија Северна Ирска, каде што коментираа дека ќе бидат многу среќни ако имаат четврто дете. Според експертите, тие започнале со обиди за бебе.
Освен веста дека британското кралско семејство може да се зголеми за еден член, шпекулациите започнаа дека војвотката од Кембриџ, најверојатно, би сакала да добие поголемо внимание од кралицата. И сите знаеме како Елизабета Втора ја фали бремената Меган колку добро ги исполнува своите обврски.
Овие денови, Вилијам и Кејт беа во посета на Блекпул. И покрај дождливото време, тие се сретнаа со локалното население и разговараа со нив. Тие посетија одредени обележја.
