Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во стечај?

од Aleksandar Todeski
616 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во изјава за емисијата „Утрински брифинг“ откри дека опозициската партија е најзадолжената политичка партија во земјата. Според неговата изјава, партијата должи осум милиони евра, сума со која тешко кој може да излезе од долгови.

„Покрај тоа што партијата има замрзнат имот со кој што не може да располага, во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најзадолжена политичка партија во Македонија. Долгот надминува една сума од скоро 8 милиони евра“, истакна Николовски.

Николоски открива дека најбогатата партија во Европа има долг од 8 милиони евра, најмногу од побегуљата Груевски

Криминалната партија, најбогата во Европа, со замрзнат имот направила долг од 8 милиони евра? И најголемиот долг на ВМРО-ДПМНЕ го направил Груевски кој избега во Будимпешта? И уште се фалат дека се горди што апашот Груевски ги опљачкал и избегал? Па, кој ќе гласа сега за вас, апашишта едни? #Сиктер

Публикувахте от Seir в Вторник, 18 февруари 2020 г.

Тој посочи дека најголемиот долг е направен пред ова раководство да го преземе раководењето со партијата, односно додека некогаш најбогата партија во Европа ја водеше сега бегалецот од правдата, Никола Груевски. Останува отворено прашањето дали опозициската партија оди ќе во стечај со оглед на сумата која ја должи, што би можело да се случи доколку оние на кои им должи го побараат тоа.

Слични содржини