Вечерва во 20:00ч во Јавна соба започнува презентацијата на далматинската кујна.
Организаторот, Јавна соба најавува незаборавно гастрономско искуство подготвено од двајцата гастро амбасадори на градот Задар, Марцел Шкарица и Игор Чуханин. Ова е одлична лекција за македонскиот туризам и надворешна презентација на туристичкиот потенцијал.
Во последните 15 години како се развиваше туризмот во Хрватсkа расте гатсрономијата како подгранка. Веќе и не постои град или село во Далмација, кој не организира презентација на храна и вино, и добро е што сè повеќе нивната програма се базира на органска храна. Странските туристи полудуваат по органска, локално продуцирана храна. А тоа брзо го прифатија и домашните туристи, особено оние од Загреб и поголемите градови.

Младите готвачи успеваат многу вешто да вметнуваат по еден нов стих во рецептите кои ги добиле од своите баби. Ја менуваат и техниката на готвење и со тоа го прилагодуваат секое традиционално јадењето на современите вкусови и туристи од целиот свет.
Природната убавина на Хрватска на која што долги години се базираше надворешната промоција на Хрватска на сите меѓународни саеми се измени. Сега фокусот на привлекување на странски гости е целосно базиран на добра локална храна и нејзина дегустација и уживање.
Вкусот на Далмација е гастро уживање за сите генерации, имено се претставуваат 4 карактеристични јадења од приморскиот дел на Хрватска, добро познати за оние кои знаат што сè Далмација може да понуди.
“Вкусот на Далмација” е уште една програмска активност во рамки на прогрaматa “Вкусот на Скопје” која Јавна соба ја спроведува во соработка со гости кувари од целиот свет и има за цел да креира вистински вреднсоти во поглед на гастрономија и добро конзумирање на храна во Македонија.
