Според сириската агенција, тројните агресори на проектили не ги достигнале своите цели, бидејќи биле пресретнати и уништени.
Сириското Министерство за информации објави до граѓаните дека “не треба да веруваат во гласините за влијанието на агресорите врз ракетните удари”.
“Браќа сограѓани, не им верувате на непријателски телевизии кои намерно го преувеличуваат обемот на ракетен напад”, се вели во соопштението.
Претходно владината телевизија на Сирија ги демантира гласините за тоа дека “Во Дамаск патролираат тенкови “. Во извештајот од плоштадот Омејад во западниот дел на главниот град се истакнува дека во градот продолжува нормалниот ритам на живот, а на улиците во раното утро се забележува вообичаеното движење на патниот сообраќај.
Москва: Нападите во Сирија извршени во момент кога имаше шанса за мир
Во меѓувреме агенција ЕПА пушти фотографии на кои се гледа како сириски војници и цивили веат национални знамиња и држат фотографии на сирискиот претседател Башар ал Асад за време на митингот на плоштад Умајд во Дамаск , неколку часови по ракетниот напад.
Митингот покажува солидарност со сириската армија и режим сано некоклу часови откако САД, Велика Британија и Франција бомбардираа бројни владини цели во Сирија во операцијата насочена кон наводниот центар за хемиско оружје.
Русија бара итна седница на Советот за бебзедност на ОН поради Сирија