Данаиловски: Поради агресивниот азиски тигрест комарец, Македонија се соочува со сериозна јавно-здравствена закана

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Eпидемиолог Драган Данаиловски предупреди дека вистинската опасност од комарците не се здодевните убоди и чешањето, туку растечкиот ризик од сериозни заразни болести.

Според него, поради климатските промени и ширењето на агресивниот азиски тигрест комарец, Македонија се соочува со сериозна јавно-здравствена закана која бара целосна промена на државниот пристап.