250
„Рестриктивните мерки се укинаа прерано и одеднаш. Знаевме дека олабавувањето на рестриктивните мерки ќе доведе до пораст на бројот на новозаразени, но сепак ми се чини дека укинувањето на тие мерки не беше направено полека и постепено“, истакна за РТС епидемиологот Драган Данаиловски.
Тој вели дека укинувањето на мерките граѓаните го доживеале како еден вид на прогласување на крај на епидемијата.
Олабавувањето на мерките граѓаните го доживеаа како прогласување на крај на епидемијата, а морам да признам дека на сето ова кумуваа, така да се изразам, одредени јавни личности, вели Данаиловски за РТС.