Во Македонија ќе има „нов удар врз Зоран Заев и демократски избраната Влада, како таа ќе се приближува до полноправно членство во НАТО и кога ќе стане јасно дека ќе бидат притворени главните актери од поранешниот режим, двоецот Никола Груевски-Сашо Мијалков и другите лица од ВМРО-ДПМНЕ, за белградскиот опозициски весник „Данас“ вели Зијад Бечировиќ, директор на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии во Љубљана.

Појаснувајќи ја неговата неодамнешна изјава дека „покрај БиХ, и Македонија е посочена мета на Александар Вучиќ, кој подготвува голем удар врз Македонија и Зоран Заев“ Бечировиќ за „Данас“ одговори дека „бранот на промени, што почна во Македонија, неизбежно ќе ја зафати и Србија и регионот, и затоа Зоран Заев и новата македонска Влада се закана за националната безбедност на Србија“, додавајќи дека до ова ќе дојде бидејќи „режимот на Вучиќ е најсличен со режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“.
За време на првата официјална посета на Заев во Србија минатата недела, јавноста остана лишена од одговори за тоа што се случи и како се реши проблемот меѓу властите во Србија и Македонија, за време на пролетната транзицијата на власта во Македонија.
Да потсетиме, пишува „Данас“, „при изборот на претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски упаднаа во оваа институцијата, предизвикаа насилство, а епилогот беше повеќе од 100 повредени, меѓу кои беше и самиот Зоран Заев. Таа вечер, во зградата на македонското Собрание, беше и Горан
Живаљевиќ, офицер за врски на српската безбедносна и информативна агенција (БИА), чија улога не е целосно расветлена, што предизвика влошување на македонско-српските односи.
Исто така, Вучиќ во кампањата за претседател на Србија, а и потоа, во особено негативен контекст, ги претставуваше политичките промени во Македонија, нарекувајќи ги “македонско сценарио”.
– Откако режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа дефинитивно поразени на неодамнешните локални избори, следи демонтажа на режимот, која ќе треба да ги откриебројните врски и сличности меѓу режимот на Груевски и режимот на Вучиќ. Каде и преку кого исчезнаа најмалку пет милијарди евра? Многу од сето ова упатува дека дел од повлекувањето
или од трансферот на пари минувал и преку Белград, односно преку луѓе од режимот на Вучиќ.
Победата на коалицијата околу СДСМ и изборот на Зоран Заев за премиер на Македонија ги измешаа плановите на режимот. Со растурањето на две мултиетнички држави, како што се Босна и Херцеговина и Македонија, сметаа дека ќе дојде до геополитички промени во регионот и создавање на нови граници, со што приказната за членство во НАТО ќе стане бесмислена, изјави Бечировиќ.