Данева: 16 министерства се премногу, Владата може да функционира и со 12

од Nikola Popovski
345 прегледи

Професорката на Правен факултет, Ана Павлоска-Данева смета дека треба да се намали бројот на министерства.

-Во европските развиени држави, владите се мали, функционални со помалку министерства и министри. Кај нас имаме 16 министерства и различни премиери предвидуваат различен број на министри без ресор, вели Данева во емисијата „Трилинг“.

Како пример наведува дека „во времето на владеење на Груевски, имавме 26 министри,  беа 14 министерства“.

-На почетокот од владењеето на Заев исто така имаше 26 министри со 15 министерства. Сега имаме 16 министерства со 20 министри, бидејќи министрите без ресор престанаа да се именуваат. 16 министерства се премногу. Владата може слободно да функционира со 12-13. Со намалување на министерствата, автоматски се намалува и бројот на хиерарските подредени органи во нивниот состав, потенцира Данева.

Слични содржини