439
„Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека во некој нареден подолг период би имале линаерно зголемување на просечно по околу 1000 нови ковид-случаи. Сепак сметам дека здравствениот систем не може да го издржи тоа и затоа се потребни построги мерки, како што се викенд мерки, но и сметам дека полицискиот час е неопходен“, вели епидемиологот Драган Даниловски за „Канал 5“ ТВ.
Според него, прогласувањето на кризна состојба е соседма соодветна мерка, но треба да се искористи за интервенции во здравствениот систем.
„Добро е што се вклучи Армијата за да биде на помош на полициските службеници“, истакна Даниловски, дополнувајќи дека со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет.