Даниловски: Потребен е колективен имунитет од 80 до 85 проценти за да се поништи делта варијантата

од Nikola Popovski
371 прегледи

„Во затворено треба маска, а тоа е до крајот на пандемијата, до кај почетокот на септември“, изјави епидемиологот Драган Даниловски на денешната дебата за коронавирусот и вакцинацијата.

Тој додаде дека јавното здравје ќе го заштитиме само со голема и опфатна вакцинација.

„Потребен е колекивен имунитет од 80 до 85 проценти за да се поништи делта варијантата, односно таков опфат на вакцинирани“, рече Даниловски.

Тој исто така наведе дека 14-дневната инциденца или нов број на 100 илјади жители кај нас е 7, а според Европскиот центар за контрола на болести, 20 е границата под која се прогласува најниско или најповолно ниво за епидемиолошките ризици.

„Ако процентот на новозаболени 2 недели е под 3 отсто, се прогласува зелена зона. Кај нас повеќе од 2 недели таа стапка е под 1 отсто, дури последнивне денови е 0.3 насто. Тоа е нешто што би го сместил во доменот на статистичка грешка. Ние практично немаме вирус во циркулација“, рече епидемиологот.

Слични содржини