Даниловски: Секое второ дете на почетокот на учебната година ќе има настинка, дали тоа значи дека сите ќе се тестираат?

од Nikola Popovski

Епидемиологот и доктор Драган Даниловски, во интервју за телевизија Сител, на прашањето што да се очекува на 1-ви септември ако децата седнат во училишните клупи, изјави дека можен помал или поголем случај на инфекции, кои ќе бидат маскирани со настинките.

„Практично излегува сега во оваа актуелна ситуација со Ковид-19, дека сите деца што ќе почнат да шмркаат и кашлаат, дека ќе треба да се тестираат, а додека чекаат ќе треба да седат дома. Според мене, секое второ дете на почетокот на учебната година ќе има настинка. Требаше училиштата да се опремат со елементарни хигиенски услови, па вие некаде немате ни вода. Требаше и родителите некој да ги обучи да ги воспитаат своите деца за опасноста. Требаше и наставниците да се обучат да работат онлајн. Сепак  сметам дека теоретски, доволно би било доколку секое дете ги почитува мерките, држи дистанца и ја носи маската правилно, а не под носот“, вели Даниловски и додава дека надлежните премногу задоцниле во носењето на одлуките и мерките за спроведувањето на наставниот процес.

Слични содржини