Данска ќе подигне ограда на границата со Германија за да го спречи влегувањето на веприте за да спречи ширење на африканската свинска треска.

Таа болест кај животните може да го загрози производството на месо во таа земја.
Данската агенција за заштита на животната средина соопшти дека одобрила план за ограда што ќе биде висока 1,5 метри. Подигнувањето на оградата ќе почне следната година.
Пратениците во данскиот парламент одобрија подигање на оградата за сопирање на африканската свинска треска, која е забележана во Европксата унија, главно во балтичките земји, Полска и Романија.
Министерот за животна средина Јакоб Елеман-Јенсен рече дека поради ширење на болеста извозот на данското свинско месо во земјите надвор од ЕУ, вреден 11 милијарди круни (1,5 милијарди евра) годишно, може да биде загрозен.
За разлика од свинскиот грип, африканската свинска треска не влијае на луѓето.