Данска испрати фрегата во Црвеното Море за да помогне во операцијата предводена од САД

од Radmila Tasevska

Данска денеска испрати фрегата во Црвеното Море, каде ќе учествува во операциите на коалицијата предводена од САД, за заштита на комерцијалниот сообраќај од нападите на јеменските Хути.

„Некој мора да се заложи за слободната светска трговија, а ние ја презедовме одговорноста да помогнеме тоа да се оствари“, изјави данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен, говорејќи на фрегатата „Ивар Хуитфелд“ пред да исплови од поморската база Корсор.

Се очекува, данскиот Парламент на 6 февруари да одобри резолуција за испраќање воен брод во тоа подрачје.

Слични содржини