Данска ќе ни донира вакцини од компанијата АстраЗенека

од Nikola Popovski
235 прегледи

Данска ќе донира два милиони дози вакцини од компанијата АстраЗенека на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни еден милион дози од истата вакцина за програмата КОВАКС. Од вкупнио број, 250 илјади дози ќе ѝ припаднат на нашата земја.

Во моменталната епидемиолошка ситуација, како што наведуваат, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „АстраЗенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучија да ја поделат порачаната количина вакцини „АстраЗенека“ со земјите на кои им е потребна, соопштија од Данската амбасада во Белград.

Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцините, клучното оружје против пандемијата.

Данската влада објави дека донацијата преку системот Ковакс е првенствено наменета за земјите од Северна Африка и Бутан.

Моментално се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.

Слични содржини