Данска оваа година не сака да ги прифати мигрантите по системот на квоти на УНХЦР

од desk3
110 прегледи
УНХЦР постигна договор со држвите меѓу кои и Данска секоја година да прифатат одреден број на бегалци, и Данска од 1989 година примала по 500 бегалци секоја година на основа на тој систем на квоти. Данската малцинска влада на десниот центар сега не сака да ја прифати оваа обврски, срече Стејберг која сесмета претставничка на тврдата линија по прашањето на мигрантите.  

“Не верувам дека оваа година имаме простор за мигрантите по системот на квоти”, рече Стејберг. Таа наведе дека Данска од 2012 огидна примила околу  56.000 баратели на азил и се очекува дека многу од нив ќе се обидат во земјата да ги донесат своите роднини, но и дека прво треба да ги интегрираат оние кои веќе се во Данска.  Данската антимигрантската народна партија која и дава поддршка на малцинската влада, го поддржува предлогот на новиот закон против примањето на мигранти, додека малата опозициска Социјалистичка народна партија на тоа се противи и наведува дека со затвораето на вратите на бегалците им врти грб на  “најслабите мигранти на светот”.

Данска прифати околу 20.000 баратели на азил од 2015 година, што е мал број во споредба со соседната Швеска и Германија.  Стајберг минатата година рече дека премот на бегалците според програмата на УНХЦР е одложен, наведувајќи дека данските општини треба да имаат  “простор за дишење за да можат подобро да се грижат за оние кои веќе дошле”.

Слични содржини