Данска се приклучува кон заедничката одбранбена политика на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Данска поднесе изјава до Советот на ЕУ во која го отфрла исклучокот од неучество во заедничката европска одбранбена политика.

Досега земјата беше единствена во Европската Унија која не учествуваше во заедничките одлуки и акции за прашањата на одбраната.

На почетокот на јуни во Данска се одржа референдум, на кој мнозинството ја поддржа одлуката на земјата да се приклучи на европската одбранбена политика.

Министерот за одбрана сега ќе може да учествува на средби со колегите од ЕУ, а данската војска ќе биде вклучена во европските воени мисии.

Копенхаген се реши на овој чекор неколку месеци по руската инвазија на Украина.

Слични содржини