Данската кралица за Путин: Никогаш во животот не сум видела толку ладни очи

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Данската кралица Маргарет Втора (82) досега имала средби со бројни светски лидери, а посебна за паметење, според неа, била средбата со актуелниот руски претседател Владимир Путин, пишува новинската агенција ДПА.

Кралицата двапати се сретнала со Путин во 2011 година, а повторно се виделе на 70-тата комеморација на Денот Д, односно слетувањето во Нормандија.

Кралицата навела дека сметала дека Путин не е пријатна личност.

„Никогаш во животот не сум видела толку ладни очи“, рекла Маргарет.

Кралицата на Данска изјави дека внимателно ги следи настаните во Украина и дека е импресионирана од упорноста на Украинците.

Таа го окарактеризира украинскиот претседател Владимир Зеленски како „вистински човек во вистинско време“.

Кралицата ја прогласи за многу важна одлуката на Европа да испрати борбени тенкови во Украина.

„Путин мислеше дека може да ја распарчи Европа, но не обедини“, изјави 82-годишната данска кралица.

Слични содржини