Висењето на “Фејсбук” по празниците ги прави луѓето несреќни – до овој заклучок дојдоа научниците од Универзитетот во Копенхаген, цитирани од BBC.
Особено штетно е бесцелното разгледување на новинскиотт фид без корисниците всушност да комуницираат со некого.

Тоа предизвикува завист и незадоволство од сопствениот живот, поради “совршените” слики и искуства, прераскажани на социјалната мрежа.
Истражувачите велат дека далеку повеќе корисен е “Фејсбук” да се користи за разговор со блиски, наместо само за разгледување на туѓиот живот, кој на интернет изгледа идеален.
Друг добар пристап е во празничните денови да не се користат социјални мрежи, пишуваат научниците.