Дански политичар откри дека е во врска со малолетничка: Се огласија и нејзините родители

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Мајк Фонсека (28), пратеник во данскиот парламент, ја шокираше јавноста откако откри дека е во врска со 15-годишна девојка.

Веднаш реагираше Партијата на умерените, предводена од Ларс Локе Расмусен, кој изјави дека Фонсека треба да биде „избркан од партијата“.

По оваа изјава Мајк замина на „кратко боледување“, додека неколку дена пред отсуството за данските медиуми изјави дека неговата „врска со тинејџерка е целосно легална, дека тој и девојката се сакаат и дека имаат поддршка од нејзините родители“.

Тој навел дека „сега живеат заедно“.

Инаку, според кодексот на однесување на Партијата на умерените, ниту еден возрасен не смее да биде во врска со лице помладо од 18 години.

Откако медиумите ја објавија веста за скандалозната врска, се огласија и родителите на 15-годишната девојка, под услов да останат анонимни.

„Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и во Мајк“, рекол таткото во интервју за Ekstra Bladet.

Неговата сопруга и тој велат дека сето тоа „силно го погодило нивното семејство, поради што нивната ќерка која е 9-то одделение е исплашена и загрижена“.

„Мајк ни е семеен пријател најмалку пет години. Се запознавме бидејќи и двајцата сме заинтересирани за мотори, а неговата врска со ќерка ми започна пред пет месеци“, рекол таткото.

Откако Мајк Фонсека ја напушти Партијата на умерените, тој на ТВ 2 споменал три партии во кои рече дека може да се види себеси во иднина. Но, сите три – социјалдемократите, Венстре и Либералната алијанса – го одбија тоа.

Слични содржини