Животот на Земјата настанал кога нашата планета била „бомбардирана“ од метеорити, кои паѓале во „топли мали езера“. Токму таму настанале првите облици на живот, а не во океаните, како што се мислеше до сега.

Потеклото на животот е една од најголемите мистерии со кои се соочува човештвото. Во последните неколку години научниците ја заговараа идејата дека животот настанал од вулканските отвори на океанското дно. Меѓутоа, новите истражувања ја поддржуваат идејата на Чарлс Дарвин од 1871 година дека првите суштества настанале „во некое топло мало езеро со многу амонијак и фосилни соли“.
Меѓутоа, таа идеја дури сега ја потврдија научници од универзитетот Мекмастер во Канада и Институтот „Макс Планк“ во Германија.
„За да го сфатиме потеклото на животот, мора да знаеме какви услови постоеле на Земјата пред неколку милијарди години“, вели еден од авторите на студијата д-р Томас Хенинг.
„Како што покажува нашата студија, астрономијата ги пружа сите клучни одговори на тоа прашање. Деталите за тоа како настанал Сончевиот систем директно влијаеле на потеклото на животот на Земјата“.
Така, животот на нашата Земја настанал пред 4,5 и 3,7 милијарди години, кога мал метеорит со амонијак и водород цијанид паднал во некое мало езеро.
Пресметките покажуваат дека прва молекула е рибонуклеинската киселина РНК, која настанала во текот на таа фаза, а подоцна кога езерата пресушиле, се формирале долги синџири. Тие долги синџири продолжиле да се развиваат во текот на „влажните и сувите“ циклуси на Земјата и во некои поволни околности, спонтано се реплицирале.
Тие молекули го содржеле првиот генетски код кај животот на нашата планета.