Даштевски за фингерпринтот: Требаше да спроведеме пробно тестирање

од Nikola Popovski

Немавме доволно време за подготвување. Јас кога дојдов гледам дека тоа во законот и мораме да го спровeдиме, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во емисијата „360 степени“, за терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.

Според него, поголема сигурност би имало доколку пред изборите, опремата поминела низ пробно тестирање.

-Сите држави што ја имале оваа опрема спровеле пилот. Албанија го направи тоа, информира Даштевски.

Според него, уредите за фингерпринт ќе бидат наполнети со биометриски податоци за гласачите само на тоа избирачко место и тие нема да бидат поврзани во мрежа или со Интернет.

-Ќе работат офлајн и со тоа се заштитени од хакерски напади. Секој гласач ќе има свој бар-код, додава Даштевски.

Денес пристигна серверот за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

Слични содржини