Германскиот весник „Велт“ објави дека Македонија била предупредена од Мухамед Наим Аџубсада, поранешен шеф на Изборната комисија на парламентарните избори во Авганистан, за проблеми со апаратите за отпечатоци од прсти и биометриската опрема од компанијата „Дермалог“.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека ние за разлика од Авганистан, сме купиле и опрема и услуги.
-Во тие услуги спаѓаат и 15 инженери кои постојано за изборите ќе работат тука и кои ќе менаџираат со целокупниот процес. Во понудата што ја дадоа кога конкурираа објавја дека ќе има и соработници кои ќе бидат на денот на изборите. Ќе обезбедат толку инженери колку што ќе има бидат потребни за завршување на процесот, вели Даштевски во изјава за емисијата „360 степени“.
Изборот на „Дермалог“ беше направен по распишување на вториот тендер од ДИК, откако првиот пропадна, официјално, поради грешки во тендерската документација.