Де Јонг: Очекувајте многу повеќе од мене

од Vlatko K
218 прегледи

Новото засилување на Барселона, Френки де Јонг изјави дека навивачите на „Камп Ноу“ можат да
очекуваат многу повеќе од него. Откако настапуваше на високо ниво во подготовките на
„Каталонците“, сега се забележува пад во формата на младиот Холанѓанец, кој многу често паѓа во
сметките на Ернесто Валверде.


Самиот Де Јонг зборуваше за неговата моментална состојба: „Јас сум нов во тимот и започнав
како носител на нашите први три натпревари, иако имаме многу играчи од средниот ред“, рече 22-
годишниот играч. „Мислам дека можам да играм на повисоко ниво. Морам да се развивам во
секоја улога што ја добивам. Среќен сум што сум стартер и ќе дадам се од себе за да останам во
составот“, заврши младиот човек.

Потсетуваме дека Френки де Јонг летово се пресели во Барселона од екипата на Ајакс по 89
натпревари и 6 гола за холандскиот гигант. Тој се смета за еден од најголемите таленти на
Холандија заедно со неговиот поранешен соиграч Матаис де Лихт.