Играчот од средниот ред на Барселона, Карлес Алења изразил незадоволство од фактот дека
раководството на клубот решил да го даде неговиот број на дресот, на еден од новите играчи. Се
работи за Холанѓанецот Френки Де Јонг, на кој му е даден бројот на Шпанецот, без да биде
информиран Алења за тоа.

– Отстапувањето на бројот 21 на Де Јонг требаше да биде нешто лично меѓу мене и него. Ќе беше
добро ако раководството прво контактираше со мене, бидејќи тие му го ветиле на де Јонг тој број,
без да ме информираат“, рече Алења, цитирана од Goal.com.
„Тоа остави горчлив вкус, не беше добар потег. Јас секогаш сум се однесувал добро со клубот “,
додаде играчот од средниот ред.