Де Лихт не сака да оди во Јунајтед

од Vlatko K
191 прегледи

Капитенот на Ајакс, Матаис де Лихт одби да биде продаден во Манчестер Јунајтед, соопшти „Daily
Star“. „Црвените ѓаволи“ понудиле на дефанзивецот петгодишен договор со плата од 250.000 евра
неделно, но тој одговорил негативно.


„Тој треба да стане најдобриот дефанзивец во светот. Има можност да избира секакви варијанти за
својата иднина. Сега не е заинтересиран за премин во Манчестер Јунајтед, за него тоа е
непривлечна опција. Тој знае за интересот кон него и дека е еден од најпосакуваните фудбалери во
светот“, објасни близок на играчот пред изданието.

Претходно се појавија информации дека капитенот на Ајакс сака да ја продолжи кариерата во
Барселона, но агентот Мино Раиола го договара да избере попрофитабилна опција од финансиска
гледна точка