Тренерот на Рома – Даниеле Де Роси го коментираше поразот од Баер Леверкузен со 0:2 во првиот натпревар од 1/2-финалето на Лига Европа.
„Видовме од нашиот сопствен пример колку е силен Леверкузен. Во првото полувреме игравме во стилот што треба и се справувавме со нивните контранапади. Понекогаш малите нешта се тие што ја прават разликата. Не успеавме самите да ги реализираме шансите, а кога тие ќе поведат тешко е да се игра против таков тим“, изјави легендарниот халф на римјаните.
„Разбираме дека во реваншот треба да постигнеме подвиг за да излеземе и да победиме со 2-0 на стадионот на тим кој никогаш не загубил. Ќе треба повеќе да напаѓаме, прикажувајќи игра слична на онаа во првото полувреме. Дефинитивно ќе играме до последната минута, како и сега, кога можевме да постигнеме гол во судиското надополнување и да го направиме резултатот 1:2“, изјави Де Роси, цитиран од прес-службата на УЕФА.
Реваншот ќе се игра во Леверкузен на 9 мај.