Де Роси се приклучува на „азурите“

од Stefanija Kuzmanovska
471 прегледи

Поранешниот италијански репрезентативец, Даниеле де Роси потпиша договор со Фудбалскиот сојуз на Италија, според кој ќе стане дел од стручниот штаб на репрезентацијата на таа земја.

Де Роси ќе ја започне својата тренерска кариера следниот викенд, кога националниот тим треба да се собере во италијанскиот град Коверчијано.

„Горд сум што ја започнав оваа нова кариера со националниот тим и му благодарам на претседателот на федерацијата и селекторот Манчини за довербата и можноста. Ќе биде емотивно да се вратам во Коверчијано, што за мене значи да се вратам дома и да се состанам повторно со толку многу поранешни соиграчи и пријатели, како во стручниот штаб, така и во тимот, и едвај чекам да започнам“, рече 37-годишниот Де Роси.

Тој одигра 117 натпревари за Италија, а во 2006 година ја освои титулата Светски шампион со националниот тим.

„Ќе работам со ентузијазам, знаејќи дека сум само на почетокот и дека имам уште многу да научам, но се надевам дека ќе можам да помогнам во изборот“, додаде тој.

Поголемиот дел од својата фудбалска кариера Даниеле ја помина во Рома, за која играше од 2001 до 2019 година, пред да ја заврши кариерата минатата година во аргентинскиот тим Бока јуниорс.

Де Роси ќе остане на селекторската позиција и по Европското првенство, кое завршува во јули оваа година.

„Многу сум задоволен што Де Роси се приклучи на нашиот тим, сигурен сум дека ќе може да даде важен придонес за момците и се надевам дека ова прво искуство ќе биде корисно во иднина“, изјави селекторот на италијанската репрезентација тим, Роберто Манчини.

Италијанските фудбалери својот прв натпревар во квалификациите за СП го играат против Северна Ирска на домашен терен на 25 март.

Слични содржини