Италијанскиот шампион Јувентус влегува во борбата за потписот на централниот дефанзивец на
Холандија и капитен на Ајакс Матаис де Лихт, откако се подготвени да платат за него повеќе од 70
милиони евра, пишува весникот „De Telegraaf“. Тинејџерот беше поврзуван со трансфер во ПСЖ, но
„бјанконерите“ го доведуваат во искушение дефанзивецот на Ајакс со договор, кој е речиси
невозможно да биде одбиен, додава весникот.

Информациите доаѓаат откако телевизиските камери уловија краток разговор меѓу најголемата
ѕвезда на „Старата Дама“ Кристијано Роналдо и Де Лихт по поразот на Холандија од Португалија во
финалето на Лигата на нациите претходно месецов. Запрашан од холандскиот телевизиски канал
NOS во тоа време дали Роналдо сакал да знае дали 19-годишниот Де Лихт сака да се приклучи на
Јувентус, младиот талент изјави: „Да. Во почетокот не го разбрав. Бев малку шокиран, па се
насмеав. Но, не му кажав ништо“, рече Де Лих.
Ако тој се најде на крајот во Торино, тој ќе добива по просек помеѓу 15-20 милиони евра годишно,
додадоа од NOS, велејќи дека договорот ќе биде за период од пет години.
Тоа нема да биде прв пат во кој играч на Ајакс да оди во Јувентус, откако поранешниот
репрезентативец и актуелен извршен директор на тимот, Едвин ван дер Сар одигра 66 натпревари
за тимот од Торино помеѓу 1999-2001 година.
Агентот на Де Лихт, Мино Рајола, исто така, има позитивни односи со Јувентус, додаде „De
Telegraaf“. Но, одизданието завршија со фактот дека трансфер во ПСЖ во никој случај не е
исклучено: „Ова не треба да се отфрли“.