Дебар еден месец без новозаразени со коронавирусот

од Берта Китинска
161 прегледи

Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во државава и во последното 30-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19.

Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија. Од вкупната бројка 47 се излекувани
додека четворица починаа.

– Денешните податоци од Министерството за здравство потврдуваат дека веќе еден месец нема новозаразени со Ковид-19. Тоа значи дека епидемиолошката состојба е стабилна, но сепак апелираме и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи токму дисциплината е еден од главните елементи кои доведоа до надминување на претходната состојба, велат од
општинскиот Оперативен штаб.

Кога станува збор за почитувањето на мерките и препораките дебрани и понатаму со одредени исклучоци, пред се околу носењето заштитни маски, тоа го прават најсовесно.

И во текот на изминатото деноноќие не е регистриран прекршок за време на полицискиот час, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Слични содржини