Студија објавена во магазинот International Journal of Epidemiology, која ја спроведоа група научници од Универзитетот во Бристол, тврди дека дебелите луѓе се посреќни од слабите.

Вишокот килограми обично се поврзува со бројни здравствени ризици, вклучително и проблеми со срцето и дијабетес, но студијата открива дека овие луѓе водат посреќен живот.
За истражувањето користени се податоци од Биобанката на Обединетото Кралство, која содржи генетски податоци за 500.000 мажи и жени на возраст од 37 до 73 години.
Истражувачите дошле до информации кои се веќе познати за дебелите луѓе, а се однесуваат на висок крвен притисок, дијабетес и порано влегување во пубертет. Меѓутоа, открија дека овие лица имаат посмирена состојба на умот.
„Дебелите лица имаат помала веројатност да ги перципирате како нервозни или да ги нарекувате напнати“, се наведува во студијата.