Деби од соништата на Кутињо за Вила: Бразилецот „од клупа“ го фрли Јунајтед во очај!

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Фелипе Кутињо во голем стил се врати во англискиот фудбал, откако имаше деби за Астон Вила какво што може само да посака на натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Со неговиот гол, тимот од „Вила Парк“ израмни на 2:2, што беше и конечен резултат на натпреварот, а освен голот, Бразилецот непосредно пред тоа поведе акција, од која тимот од Бирмингем ја преполови предноста на, до тој момент, доминантниот Јунајтед.

Кутињо го започна натпреварот од клупата откако штотуку пристигна во клубот, но Џерард сепак мораше да реагира по 0:2, во режија на двојниот стрелец Бруно Фернандеш – и со тоа го направи потегот на натпреварот.

Кога влезе на теренот, Кутињо побрза да се покаже, беше недофатлив, многу мотивиран и на крајот крајно конкретен. Практично успеа да реши се со два потези за само десет минути, нешто што претходно не го направија соиграчите.

Одличната партија ја круниса со гол за 2:2 во 82. минута, кога му остана полесниот дел од работата по асистенцијата на Ремзи.

Слични содржини