Кутињо прифаќа огромно намалување на платата за да остане во Астон Вила

од Vladimir Zorba

Филипе Кутињо се согласи на огромно намалување на платата за да остане во Астон Вила. Тимот од Бирмингем постигна договор со Барселона за купување на Бразилецот за 17 милиони фунти.

Според „Дејли Телеграф“, од Вила постигнале договор со играчот за 4-годишен договор, според кој ќе добива 125.000 неделно, што е за 70 отсто помалку од она што го добива моментално.

Кутињо пристигна на „Вила Парк“ на заем во зима. Настапува на солидно ниво и сака да продолжи да игра во Англија.

Една од главните причини за неговата преселба во Вила беше менаџерот Стивен Џерард, кој има амбиции да го подигне нивото на тимот на лето.

Слични содржини