Децата не треба да се водат на море, додека не наполнат 3 години, советуваат дерматолозите .
Освен што на морскиот брег децата се изложуваат на штетните за детската кожа ултравиолетови зраци, експертите потсетуваат дека нивното здравје е загрозено и од бројни вируси.
Иако сончевите зраци се дефинираат како главни причинители на кожен рак, кај нас само 20% од мајките нанесуваат повторно после капење фотозаштитен крем врз телата на своите деца.
Дерматолозите се едногласни дека таквиот крем треба да се нанесува на секои два часа и задолжително по капење и потење, бидејќи 80% од времето поминато на сонце во нашиот живот, е пред да наполниме 18 години.
