Децата на Пригожин пеат дека се елита, додека другите „рибаат подови“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани децата на Пригожин, Павел и Вероника, според Антон Герашченко, консултант во украинското министерство за внатрешни работи. Тие, додава тој, во видеото пеат песна во која велат дека се елита и олигарси додека другите ги молат за пари и остатоци од подот.

„Руските Телеграм канали објавија видео од децата на Пригожин, Павел (во безбол капа) и Вероника, во Карелија.

Тие беа снимени како пеат песна во која се нарекуваат елита и олигарси, додека други молат за пари и рибаат подови.

И самиот Пригожин потврди дека снимката е автентична. Се тврди дека е снимена во летото 2022 година (така што вистинската војна веќе била во тек). Пригожин вели дека видеото и фотографиите се украдени од специјалниот сајбер оддел на руското министерство за одбрана“, напиша Герашченко.

Слични содржини