Дечев: Сите политичари кои се противеа на францускиот предлог се фанови на Орбан

од Nikola Popovski
175 прегледи

Запрашан дали во Бугарија може да се зборува за „пораз“ во однос на усвојувањето на Предлог-извештајот на Македонија и барањето за оставка на тамошната Влада како што посакува дел од тамошната опозиција, бугарскиот професор Стефан Дечев потсетува дека пред неколку години, на францускиот предлог се спротивставија претседателот Румен Радев, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, ИТН на Слави Трифонов, Преродба на Костадин Костадинов, БСП и други.

-Годините оттогаш покажаа дека тоа беше едноставен популизам, како оној на Мицкоски во Македонија. Сега, особено оние како Каракачанов го користат Извештајот за да се вратат во играта. Комично е што се фанови на Орбан, вели Дечев во разговор за „Локално“.

За формулацијата „модерен“ пред македонски идентитет и јазик кој е амандман кој ќе биде предложен пред главното гласање на Извештајот во јули на пленарната седница на ЕП, бугарскиот професор истакнува дека сите национални идентитети се модерни.

Дечев за актуелните македонско-бугарски односи: Мицкоски прво измислува проблеми, а потоа ги „решава“

Слични содржини