Дечев: Ванчо Михајлов не е најважната личност во бугарската историја

од Nikola Popovski

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Битола и отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ е обид за гест кон луѓето кои се претставуваат како македонски Бугари, а не кон ангажирање на самата личност на Михајлов, смета бугарскиот историчар Стефан Дечев.

Според него, тоа е резултат од една непромислена и малку збунета политика, во која бугарската влада од неколку месеца наваму се обидува да комбинира работи, кои тешко се комбинираат како линијата од минатото.

За историчарот, Ванчо Михајлов не е најважната историска фигура во бугарската историја.

-Пред неколку години правевме класирање на великите Бугари и јас сега воопшто не можам да се сетам дали Иван Михајлов влезе во ова класирање. Овде во Бугарија има нешто друго, на што обично се обрнува внимание и под некаква форма избегнува при интерпретацијата во Македонија, вели Дечев во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини