Кога му починала сопругата од рак во април 2016 година, Кит не можел да се навикне на тишината и осаменоста.

„Не можете да замислите како е тоа. Многу плачев. Просто тоа е така затоа што таа веќе не е тука“, раскажал 94-годишниот дедо од Минесота.

Кит е судија во пензија и еден ден одлучил во својот двор да направи базен и сега секој ден има многу посетители.
Сепак, една сосетка еднаш му рекла: „Ти како да ги посвои сите деца од соседството. Тоа се твоите внуци.“

Кит повеќе не е осамен, а во ретки случаи кога базенот е празен и сам се капе во него и ужива.

Иако Кит има три свои деца, тие се возрасни, но уште нема свои внучиња за што многу жали.