Дедо Мразовци од вистинскиот живот долетаа на прозорците на детска болница во Москва

од desk2
158 прегледи

Пожарникарите и припадниците на спасувачките служби на Москва организираа хуманитарен настан на 27 декември за да им ги честитаат празниците на пациентите во Детската болница Morozovskaya Dgkb.

Шесеет пожарникари и спасувачи маскирани како Дедо Мразовци се спуштија од покривот на болницата со помош на посебна опрема и се појавија на прозорците на болничките соби на децата кои одушевено ги поздравија.

Видео од настанот беше објавено на Instagram профилот на рускиот весник Komsomolskaya Pravda.

https://www.instagram.com/p/Br5TBFiBUcI/?utm_source=ig_embed

„Појавувањето на невообичаените гости во болницата не е случајно. Деновиве одбележуваме пет години од постоењето на фестивалот на добри дела ‘Winter in Morozovka’“, стои во соопштението за настанот.

Повеќето од децата кои престојуваат во болницата не смеат да се движат меѓу големи толпи луѓе и на масовни настани и не се во можност да ја доживеат новогодишната еуфорија во Москва, па на овој начин празничната магија дојде кај нив.