Семејна драма во Скопје откако дедо бил претепан од своите внуци, информираат од МВР.
Според полицијата, вчера попладне во 15.00 часот во СВР Скопје, Н.И.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил физички нападнат од неговите внуци Љ.И. и А.И., кои притоа употребиле тврди и остри предмети и му го оштетиле патничкото моторно возило „шкода фабиа“.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.