Денеска сите на протест пред Владата во 14 часот

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Граѓанската и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката, „Граѓаните за Македонија“ заедно со опозициските партии денеска организира граѓански протест кој ќе се случи во 14 часот пред Владата, со барање за оставка на Владата и формирање преодна Влада.

граѓански
На протестот најавено е присуство на Сергеј Станишев- претседателот на европските социјалисти, претставниците на Европскиот Парламент Кнут Фленкештајн и Ричарт Ховит, амбасадори ,  како и невладини активисти, луѓе од различни етнички заедници .

На протестот се приклучуваат и студентите кои прво се собираат на палтото пред УКИМ во 13 часот, оттаму ќе помина пред Основниот суд 1 каде уште еднаш ќе побараат пуштање на слобода на приведените студенти од 5 мај па наваму, а потоа ќе се приклучат на протестот пред Владата.

Заев во интервју за НОВА вчера истакна дека нема простор за никакво насилство и ги охрабри граѓаните да излезат на протест.

-Протестот е закажан во 14 часот. Организирано е каде стигаат автобусите,каде автомобилите, за да не го блокираат градот. Ќе има од четири места влез спрема Владата. Самиот протест така е организиран да не постои можност за насилство.На протестот ќе има обраќања.Ќе има повеќе од 2 000 млади луѓе, кои ќе бидат обезбедување на полицајците, значи тампон-зона во неколку редови помеѓу полицајците и тие што ќе протестираат, обележани со маички, посочи Заев.