Дејселблум: Предлозите на Атина се основа за обновување на преговорите

од desk3
75 прегледи

Новите предлози кои ги даде Атина за да го спречи паѓање во неликвидност, добиле одобрение од претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, според кого има шанса за склучување на договор оваа недела, соопшти Франс прес.

Image_4834546_126

“Тоа е основа за обновување на разговорите и постигнување на резултат во наредните денови … Има шанса за потпишување на договор оваа недела”, изјави е Дејселблум на прес-конференција по средбата на министрите за финансии од еврозоната.