На фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам му се наложи да одговара на суд затоа што го возел луксузниот автомобил “Бентли” низ центарот на Лондон, а во исто време зборувал по телефон.
На суд, Дејвид ја призна својата вина и сега се очекува да дознае што ќе биде неговата казна.
Поранешниот играч од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, најверојатно, нема да се појави на суд, но ќе добие парична казна и ќе бидат доделени поени на неговата возачка дозвола.
Полицијата во Лондон соопшти дека го утврдила престапот на Бекам, откако будниот полицаец го видел поранешниот англиски репрезентативец да вози со телефон во рака за Вест Енд на 21 ноември минатата година.