Дејвид Дејвис: Брегзит е посложен од слетувањето на Месечината

од Vladimir Zorba

Британскиот министер за прашања поврзани со Брегзит Дејвид Дејвис изјави дека неговата работа е потешка од слетувањето на Месечината, пренесува BBC.

Овој коментар Дејвис го направи за време на состанокот со бизнис лидери за дискусија за привремените механизми, кои ќе почнат да дејствуваат по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Тој истакна дека се е можно, Велика Британија да не е дел од царинската унија на блокот и од единствениот пазар во овој период.
Освен тоа министерот појасни дека “нова меѓународна институција”, а не Судот на ЕУ ќе ги следи новите трговски договори.

Слични содржини