Дејвис реши со кој број ќе игра во Лејкерси (ФОТО)

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис одлучи со кој број ќе игра во својот нов тим. Првично поранешниот играч на Њу Орлеанс требаше да го земе бр.23, откако Леброн Џејмс беше подготвен да му го отстапи, но тоа се покажа невозможно поради проблеми од страна на производителите на опремата – Nike.

Сега самиот играч објави дека ќе игра со бр.3 во златна и жолта боја. 26-годишниот кошаркар напиша дека со овој потег се враќа на годините во основното училиште каде носел тројка на грбот. Шесткратниот учесник на „Ол Стар“ натпреварот го искористи профилот на Instagram за да ја соопшти веста.

Неговата одлука беше поздравена од Двејн Вејд, кој играше со бр.3 во текот на целата своја кариера. Бредли Бил, кој исто така носи бр.3, го поздрави Дејвис, а Ајзеа Томас, кој го носеше посочениот број за време на престојот во Ел Еј се пошегува дека Еј Ди му го „украл“.