Дел Боске: Федерацијата направи се, за да го натера Меси да игра за Шпанија

од Vlatko K
95 прегледи

Поранешниот селектор на Шпанија, Висенте дел Боске беше восхитен од спектакуларната игра на
Лео Меси против Ливерпул во средата вечер. Искусниот стратег потсети и за времето во кое
Шпанската фудбалска федерација правела се, по неговите зборови, за Меси да заигра за „Фуријата“.


Аргентинецот беше дел од академијата на Барса од 2001 и можеше да игра како за татковината,
така и за Шпанија, но на крајот ја избра Аргентина.

 

Споредено со неговата клубска кариера, онаа на меѓународно ниво е дефинитивно разочарување
за „Ла Пулг“, барем до денес. Во исто време пак Шпанија, токму под раководство на Дел Боске, ги
освои СП 2010 и ЕП 2012.

„Федерацијата ги направи сите можни напори за Меси да игра за Шпанија“, откри Дел Боске.
„Лионел одби, бидејќи ја сака татковината. Неговото доаѓање ќе беше најдобро нешто. Меси е Меси
– има само еден таков. Ќе беше остварување на сонот да го тренирам“, изјави поранешниот тенер
на Реал Мадрид.